Парче кое е маст-хев за оваа сезона
Според резултатите на Lyst, еден од најголемите шопинг портали на светот, продажбата на јакните со пердуви значително пораснала во последните месец дена (преку неверојатни 280 %) и покрај тоа што октомври и не беше претерано студен. Според модните критичари тоа најмногу се должи на се попопуларниот тренд со предимензионирани парчиња. Познатите светски трендсетерки оваа есен радо носат големи и волуменизирани јакни со пердуви, а за нивната популарност секако дека се заслужни и познатите дизајнерски брендови.
Тука секако дека не смееме да ја заборавиме црвената пуф јакна на Balenciaga која според она што досега можевме да го забележиме важи за едно од најпопуларните парчиња за оваа сезона, но исто така не треба да ги потцениме и Raf Simons и Stella McCartney кои исто така во своите колeкции имаат преубави монтки и капути со пердуви.
SACAI £1,425
Bershka 1.890 MKD
Тука се и crop top моделите кои исто така се популарни (како на пример овие јакни од Bershka и Sacai), како и предимензионораните напумпани бомбер јакни. Според Lyst, потрошувачите се подготвени да издвојат и преку 1000 евра за овие тренди парчиња, а меѓу најпопуларните меѓу нив се оние во силни бои и со впечатливи дезени.
види повеќе » |