Омилените чизми на познатата трендетерка
Џиџи Хадид важи за една од најпознатите ИТ девојки на денешницата. Дизајнерите и познатите хај-стрит брендови се борат таа да ги носи токму нивните парчиња бидејќи тоа истовремено значи и пораст на продажбата и голема шанса парчето што ќе го исфура да стане голем тренд. Така беше и со чизмите до глужд со војнички дезен и високи потпетици кои познатата манекенка обожава да ги носи во комбинација со кожени панталони и маслинесто зелена бомбер јакна. Овој модел на чизми преку ноќ стана вистински тренд и еден од омилените на многу девојки на социјалните мрежи, а најголемата причина за тоа е неговата прифатлива цена. Имено, станува збор за брендот Public Desire а цената на овој модел се движи околу 50 евра. Моделот може да се најде во три бои на интернет продавницата на Public Desire, а покрај Џиџи истиот го обожава и нејзината сестра Бела како и една од нивната најдобри другарки, Хејли Болдвин, која дури има и дизајнирано сопствена колекција чевли за овој бренд.
Топ чизми и високи потпетици во страсни црвени нијанси >>
Елегантни класични чизми до колена кои се маст-хев за оваа сезона >>