Шопинг

По овој фустан од Зара лудуваат девојките од целиот свет – ако налетате на него, не двоумете се дали да го купите!

Advertisement

Продавниците на Зара се едни од омилените на девојките од целиот свет

Advertisement

Популарниот бренд секоја сезона има по некое парче кое е хит во целиот свет и кое преку ноќ го снемува од полиците. И кога станува збор за едно такво парче, единствената маана е што може да ви се случи да сакате да си купите нешто од овој бренд, кое веќе сте го виделе во модните магазини, но веќе да е распродадено, а половина град веќе го носи, па сега постојано ве потсетуваат и се нервирате што останавте со празни раце.

Токму таков е и случајот со тексас фустанот со голи раменици кој досега сигурно сте го виделе како го фура некоја девојка. Секако дека фустанот веќе е распродаден, и толку е популарен што има и свој сопствен блог – The Blue Off-The-Shoulder Dress From Zara (синиот фустан со голи раменици од Зара) кој е преполн со фотографии од девојки што го носат.

Advertisement

Блогот го започна њујорчанката Лулу Краусе која за порталот „Refinery29“ раскажа дека до идејата дошла откако низ градот постојано почнала да гледа девојки како носат еден ист фустан. „Почнав да ги фотографира девојките што носеа ист фустан, а потоа одлучив фотографиите да ги споделам на посебен блог и тоа се покажа како одлична идеја“ вели Лулу.

Но, како што веќе рековме, ова парче веќе го нема низ продавниците, па доколку НЕ сте една од оние среќнички што веќе го имаат во своите плакари, погледнете ги овие неколку достојни замени од истиот бренд кои се уште ги има на нивните полици.

1,590.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button