Конечно тренд кој ја слави женственоста: Ова е најпопуларниот фустан на Инстаграм за пролет-лето 2018 и изгледа одлично!
И покрај студеното време кое никога да не напушти, наскоро следува пролетта, а со неа и сите оние модни парчиња со кои ќе ги замениме монотоните капути и чизми.
Меѓу трендовите за пролет-лето 2018 веќе се истакна еден фустан за кој многумина предвидуваат дека ќе биде хит во следните неколку месеци. Во прашање е преубавиот црвен фустан со цветен дезен од австралискиот бренд „Realisation“ кој веќе ги освои девојките од целиот свет.
Тоа можеме да го видиме од нивните профили на Инстаграм кои го носат како со кратки чизми така и со патики и сандали со ременчиња.
Горниот дел наликува на корсет, што на целиот крој му додава женствен и секси изглед, а украсен е и со мали симпатични карнери на прерамките и во долниот дел.
https://www.instagram.com/p/BgOZGJ3nke7/?utm_source=ig_embed