Реклама
Хороскоп

НАЈОСВЕТОЉУБИВИТЕ ЖЕНИ ВО ХОРОСКОПОТ: Ќе ве сакаат до небо, но ниту случајно НЕ СМЕЕТЕ да ги повредите!

Реклама

Откријте на кои хороскопски знаци им припаѓаат овие фатални и незапирливи дами. 

najopasni1 

Тие се прекрасни, шармантни, софистицирани и би сториле сè за човекот од своите сништа. За него ќе одат низ оган и вода, доколку е потребно и пеш до Месечината, но ако само им се причини дека ὺ врти грб, за него подобро ќе биде да исчезне од лицето на Земјата.

Маркетинг

ЛАВ

Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожава, но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за јавноста е силна, речиси недопирлива и авторитатувна, во прегратката на својот избраник се претвора во мило маченце. Во љубовната врска ù се важни два елемента – да биде поголем авторитет за партнерот отколку тој нејзе и фантастично да си одговараат в кревет. Доколку овие услови се исполнети, не постои пречка за нејзината среќа и емотивна исполнетост. Секако, нејзиниот маж мора секојдневно да ù се восхитува и колку што е можно почесто да ù вели дека таа е една, единствена и неповторлива, вистинско ремек-дело. Освен тоа, пожелно е таа да е и интелектуално посупериорна. Меѓутоа, бајката почнува да се распаѓа оној момент кога тој, поради премор, ќе одбие за прв пат да води љубов со неа. Следното утро ќе види дека автомобилот му е изгребан со клуч, бидејќи тоа за Лавицата не е никаков проблем и ќе го стори тоа без ронка грижа на совеста само со цел нејзиното его да се врати во нормала. Ако случајно тој погледне помлада и поубава од неа, треба да се подготви за долгочасовен монолог.

Маркетинг

najoopasni3
Лавовите имаат моќ секого да убедат дека црното е бело, па така таа ќе ја искористи и оваа ситуација да го убеди партнерот дека тој веќе не ја сака, дека нивната врска губи секаква смисла и така натаму, иако тоа нему не му е на крај на умот. Ако случајно тој ù каже дека му се чини оти колковите ù се малку пошироки од минатата година, воопшто не треба да се изненади кога таа ќе се појави од никаде, ќе се качи на хаубата од автомобилот и од својата баеги скапа чанта ќе го извади чеканот. Најстрашно е што ќе ги крши сите стакла додека тој е внатре во автомобилот.

ШKОРПИЈА

Таа е фатална жена во самата смисла на зборот; суштество со неверојатна имагинација и уште поотровен јазик. Не ја интересираат слабаци, ниту просек во било каква форма. Таа сака да го земе од животот само она најдоброто. Прво по што ќе ја забележите и засекогаш запаметите се нејзините очи. Поточно, погледот којшто хипнотизира и со кој ја мами жртвата веднаш да посака да стане нејзин плен. Но, не може тоа само туку така, бидејќи таа го избира човекот кој ù парира во сè или, можеби, оној кој е дури и посилен од неа, ако е можно. Маж кој е самосвесен, со кого ќе може да ужива и во интелектуални разговори и во необична љубовна игра в кревет, е она што го храни нејзиното срце и душа. Меѓутоа, ако тој случајно се обиде да надвладее, ќе биде санкциониран. Можеби не веднаш, ама жената Шкорпија има исклучително памтење и знае дека одмаздата е најдобра кога се служи ладна.

najosvetoljubivi4
Многу е посесивна и љубоморна, така што нејзиниот маж не треба ни да помиси да погледне друга жена, а камоли да размислува за нешто друго, бидејќи таа смета дека треба да биде апсолутен господар на неговото срце.

СТРЕЛЕЦ

На жената- Стрелец воопшто не ù е тешко да заведе било кој маж, ама таа не игра на картата на својот добар изглед, туку ги намамува со својот ум. Авантуристка, секогаш расположена да испроба нешто невообичаено, со неверојатен темперамент таа е сон за секој маж. За да го пронајде оној вистинскиот, таа може да влезе во безаброј врски, кои најчесто завршуваат бурно, токму поради нејзиниот наглсен темперамент и способноста секому да најде слаба точка. Меѓутоа, кога ќе го најде она што го сакаа, подготвена е максимално да му се посвети и да му биде верна до крајот на животот. За среќникот жената-Стрелец може да биде совршен и убаво спакуван подарок од Бога, ама тој мора да води сметка за своето однесување, бидејќи, во спротивно, сето тоа може да заврши лошо по него. Крајно е нетрпелива, па доколку нејзиниот сакан одолговлекува нешто (а таа сака сега и веднаш), врз него ќе излее цел порој лути и, за една дама, несоодветни зборови. И покрај тоа што можеби не се работи за некоја крупна грешка, кога ќе ја обземе бес таа ја губи контролата врз себе и ја навредува другата страна до изнемоштеност. Од најмали ситници ќе направи драма само ако си помисли дека со нешто е загрозена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button