Ова е најновиот тренд во светот за шминкање на усните: Нема да се почувствувате баш пријатно кога ќе слушнете како се изведува
Се чини дека им нема крај на бизарните модни трендови на Инстаграм.
Се чини дека им нема крај на бизарните модни трендови на Инстаграм. Но, со оглед на тоа дека сме сведоци на многу чудни трендови, нема причина да ве зачуди и овој тренд во светот на кармините. Всушност, станува збор за „уметност“ создадена од тоалетна хартија. На прв поглед делува како холографски кармин, но вистината е дека целата суштина се состои во скромна тоалетна хартија. Како што објаснува девојката од која потекнува ова, за да го изведете потребно е да ставите еден слој тоалетна хартија на усните, а потоа да нанесете мат и металик течен кармин. Коментарите во најголем дел се позитивни и луѓето велат дека „тоалетната хартија никогаш не изгледала погламурозно“. Од друга страна, пак, постојат и такви кои се згрозени од овој тренд. „Сјајно, и така ми стана досадно тоалетната хартија да ја користам само во тоалет. Сега конечно ќе ја употреба за паметна цел“, вели иронично една девојка, фан на оваа бјути блогерка.
Кои се вашите коментари?