Познато ни е дека кучињата се најдобри пријатели на човекот и секојдневно читаме дека имаат позитивно влијание врз човековото здравје!
Освен што се добри пријатели се покажаа и како одлични актери кои се достојни за секоја престижна награда. Редно време е да се потсетиме на најпознатите филмски остварувања во кои главната улога ја имаат токму тие! Станува збор за неколку фамилијарни филмови кои останаа запаметени кај секој на возраст од 7 до 77 години, а расите на кучиња кои се појавуваат во филмовите и ден денес уживаат голема популарност.
Lassie (1994)
{simplepopup}
{/simplepopup}
Lassie (1994) е ажурирана верзија на Lassie Come Home (1943) и двата филмови го освоија светот во различни временски периоди. Lassie (1994) е приказната за младиот Мет и неговото куче Леси. Семејството на Мет се преселува од големиот град Baltimore, Maryland во рурална средина во Virginia за да започне нов живот. Младиот Мет тешко се привикнува на новата средина, но со помош на кучето Леси кое семејството го вдомува, Мет започнува нов живот. Lassie е повеќе од приказна за едно момче и неговото куче – тоа е приказна за момчето и една од најпознатите раси на кучиња воопшто.
{youtube}ynCqco_hASw{/youtube}
Beethoven (1992)
Beethoven (1992) е приказна за куче од расата бернандинец кое ќе најде свое место во домот на семејството Њутн. Бетовен, како што е наречен, прераснува во огромно куче кое ќе стане мета на Докторот Varnick, локален ветеринар кој прави ужасни експерименти врз кучињата. Филмот за Бетовен во 1992 станува вистински хит ширум светот, а како потврда се многуте продолженија кои ги доби овој филм по 1992 година (Beethoven’s 2nd, Beethoven’s 3rd, Beethoven’s 4th, Beethoven’s 5th, Beethoven’s Big Break и Beethoven’s Christmas Adventure) што нaправи бранот Бетовен да ја освојува и секоја нова генерација.
{youtube}7eHgKg36xsY{/youtube}
101 Dalmatians (1996)
101 Dalmatians (1996) е филм под продуцентската палка на Walt Disney Pictures! Сигурно и вие сте имале барем еден сувенир низ дома со бојата или ликот на главните актери од овој филм – 101 Далматинец. Приказната за кучињата со најоригиналната црно-бела шара на кожа на себе беше дефинитивно најпозната кон крајот на минатиот век. Со сигурност се сеќавате на лошата модна дизајнерка Круела која е опседната да направи капут со кожата на убавите далматинци и започнува потера по нив. Настанува целосна брканица помеѓу Круела и вљубените далматинци Pongo и Perdy и останатите 99 далматинци.
{youtube}XBJD-lxh078{/youtube}
Air Bud (1997)
Air Bud (1997) повторно приказна на Walt Disney Pictures, овој пат за 12 годишно момче Josh Frammкое се доселува во Вашингтон со својата мајка после смртта на неговиот татко. Josh сака да се придружи во школскиот кошаркарски тим, но не успева. Подоцна ќе го запознае златниот ретрвер Будди кој има избегано од својот сопственик кој е алкохоличар! Josh открива дека Будди има неверојатни способности за кошарка. Заедно со Будди успеваат да се вклучат во школскиот тим и да освојуваат поени! Будди добива ист третман како човек во тимот, а публиката го обожава! Овој филм доби и свои продолженија во кои Будди се покажува и во други спортови; Air Bud: Golden Receiver (1998), Air Bud: World Pup (2000), Air Bud: Seventh Inning Fetch (2002), Air Bud: Spikes Back (2003).
{youtube}7mkV6hA9mFo{/youtube}
Eight Below (2006)
Eight Below (2006) едно малку посвежо филмско остварување на Disney инспирирана од вистинска приказна. Jerry Shepard е водич на Антартикот во една истражувачка база по договор со националната фондација за наука. Поради временските неприлики на Антартикот во јануари месец, Shepard е принуден да ги остави своите кучиња сами. Кучињата остануваат сами цели 175 дена и мораат да се борат со суровата клима и гладот секој ден. Shepard не може да се помири со тоа и изнаоѓа средства и сили да за да се врати по нив …
{youtube}NXkoGlxVbLY{/youtube}
Hachi: A Dog’s Tale (2009)
Hachi: A Dog’s Tale (2009) Е филмот на кој сите плачат! Плачат стари, млади, оние кои имале куче, оние кои имаат куче дури и оние кои никогаш немале куче! Приказната за Хачи е дефинитивно најтажната приказна снимена за едно куче. Hachi: A Dog’s Tale е филм базиран на вистинска приказна која до ден денес продолжува да живее, а главниот лик е едно куче кој е светски симбол за лојалност, верност, пожртвуваност. Дејствието започнува на една железничка станица, кога едно кученце ќе падне од багажот кој ќе пристигне дури од Јапонија, а професорот Parker Wilson ќе го најде истата ноќ и тука започнува една длабока врска помеѓу малото кученце Хачи, од јапонската раса Акита и професорот. Хачи ќе порасне во прекрасно куче кој ќе живее, дише и постои за неговиот сопственик. Хачи секое утро ќе го испраќа својот сопственик на работа на железничката станица и ќе го пречекува…се додека едно утре Хачи ќе има силно претчувство дека неговиот сопственик не треба да оди на работа ќе го спречува но професорот ќе замине за последен пат на работа, а Хачи? Хачи ке продолжи да чека на железничката станица цели девет години….
{youtube}rUNQjYe870A{/youtube}