Ќе го купат само најхрабрите – најнеобичниот кармин што сте го виделе досега!
Ретки се оние жени кои би имале храброст да носат ваков кармин
А актерката Руби Роуз е една од оние на кои и стои одлично па не е ни чудно што оваа нијанса доби толку внимание.
Едноставно, Руби Роуз одлично го носи!
Ретки се жените кои би имале доволно храброст за да носат ваков кармин. А Руби Роуз е една од оние на кои и стои одлично па не е ни чудно што оваа нијанса доби толку внимание. Имено станува збор за темно-сива металик нијанса на карминот „Urban Decay“ на кој оваа актерка е заштитно лице па нејзиниот избор воопшто не не’ изненадува.
Атрактивната актерка оваа необична нијанса ја носеше на премиерата на нејзиниот нов филм „xXx: The Rise of Xander Cage“ во комбинација со секси металик фустан со длабок прорез и деколте под кое се гледаа нејзините тетоважи.
Оваа нијанса е една од најнеобичните кои сме ги виделе досега на црвениот килим, а станува збор за карминот Urban Decay Vice Liquid Lipstick во нијанса Studded кој може да го порачате и преку интернет за 18 долари.
Па дали би го носеле и вие?