MAMAБебиња

Најмоќното женско име се враќа во Македонија – девојчињата што го носат, цел живот ги следи успех и среќа

Ова име има словенско потекло и симболизира девојчиња кои се темпераментни, креативни, внесуваат светлина и позитивна енергија и кои низ животот ги следат среќа и успех.

Advertisement

Во последните две-три години, сè повеќе родители во Македонија на своите ќерки им го даваат името кое речиси две-три децении беше подзаборавено.

Според некои извори, ова име има словенско потекло и симболизира девојчиња кои се темпераментни, креативни, внесуваат светлина и позитивна енергија и кои низ животот ги следат среќа и успех.

Advertisement

Станува збор за прекрасното име Искра.

Покрај во Македонија, името Искра е станува се популарно и во Словенија, Србија, Хрватска, Русија и Бугарија.

пекселс

Значење и симболика

Според една теорија, името потекнува од именката „искра“ – симбол на ненадејни, позитивни промени. Како што жарчињата фрлаат искри од оган и најавуваат добри вести или богатство, така се верува дека и девојките што го носат ова име ќе бидат весници на промени, ќе „го греат срцето и душата“, ќе носат радост и ќе бидат поттикнувачи на добро во својата околина.

Advertisement

Но дали знаевте дека постои и преубава машка варијанта на името Искра, која за жал, воопшто не ја сретнуваме кај нас, а може да ја чуеме, на пример, во Русија, Словенија и во Бугарија. Машката варијанта на Искра е Искрен што пак носи друга симболика – „верен“, „лојален“, „љубезен“, „правдољубив“.

Според некои извори, името Искра има руско потекло и се појавува во 20-тите години од минатиот век, а во преносно значење означува: „таа што носи светлина“.

пекселс

Интересно е што во Хрватска, 2 март е денот посветен на сите Искри – односно, тоа е нивниот именден.

Ако познавате некоја Искра, споделете ѝ ја оваа приказна за значењето на нејзиното име – можеби не знае каква моќна симболика носи со себе!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button