Реклама
Вести

Најмоќни молитви за Велигденскиот пост – водич за духовно прочистување

Великиот пост е можност за духовно прочистување и продлабочување на верата. Со молитва, покајание и воздржување од гревовите, верниците се подготвуваат за најголемата радост – Христовото Воскресение. Овој период не е само традиција, туку вистински пат кон преобразување на срцето и душата.

Реклама

Великиот пост (Велигденски пост) е најважниот и најстрогиот пост во православното христијанство. Тој трае 40 дена и претставува подготовка за најголемиот христијански празник – Воскресението Христово, Велигден.

За време на овој пост, верниците се воздржуваат не само од одредена храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела, стремејќи се кон духовно прочистување и приближување кон Бога.

Постот не е само воздржување од храна, туку и време на молитва, покајание и добри дела. Во овој период, верниците се повикуваат на смирение, простување и покајание.

Маркетинг

Великиот пост е време кога треба да се откажеме од сѐ што нѐ оддалечува од Бога и да се посветиме на духовен раст.

Се пропишува воздржување од месо, млечни производи и јајца, а во одредени денови дури и од масло и риба. Но, најважно е воздржувањето од грев, омраза, завист и сите духовни препреки кои го отежнуваат патот кон спасението.

Маркетинг

Најмоќни молитви за време на Великиот пост

Молитва на свети Ефрем Сирин позната како Великопосна молитва

Господи и Владико на мојот живот,

не ми давај дух на мрзливост, очајание, властољубие и празнословие.

Но дарувај ми, на Твојот слуга, дух на целомудреност, смиреноумие, трпение и љубов.

О, Господи Цару, дај ми да ги видам моите прегрешенија и да не го осудувам братот мој, зашто си благословен во век и векови. Амин.

Молитва за почетокот на Велигденскиот пост

Господи Исусе Христе Боже наш, надеж на сите краишта на земјата и на оние кои се далеку по морињата: ти си ги определил овие свети посни денови преку законот и пророците, предложувајќи ни начин на покајание и умртвување на страстите.

Самиот Ти, Боже наш, откако се исполни времето, јавувајќи се во тело на земјата, си озаконил и си осветил четириесет дни и ноќи да се пости, а бидејќи си дарежлив и милостив, благоволи да ги поминеме овие свети денови во совршено покајание, во нелицемерно смирение, во усрдни молитви, без алчност за храна и неумерено пиење, во често приклонување на колената, со срце смирено и скрушено, без порок и со чиста совест, запазувајќи ја цврсто верата и победители над гревот да постанеме.

Придружи му ангел верен на нашиот живот, за да ги зачува нашите животни патеки неповредени и без пречки од сите непријателски напади и стапици, упатувајќи нè кон извршување на сите добродетели. Во деновите од постот кои ни претстојат закрепувај нè со Твојата сила во сите наши подвизи, во воздржувањето од страстите, во очистувањето на душата и телото, та да се удостоиме неосудено да се причестиме со Твоето пречисто тело и со Твојата пречесна крв.

Зашто Ти си Бог на милоста, добрините и човекољубието, Кој сакаш сите да се спасат, и Тебе слава Ти вознесуваме со беспочетниот Твој Отец, и Пресветиот и Добар и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Оче наш – најмоќна молитва

Молитвата „Оче наш“ има библиско потекло и е дадена од самиот Исус Христос на неговите ученици како пример за молитва. Се спомнува во Евангелието според Матеј (6:9-13) и Евангелието според Лука (11:2-4).

Во Матеј 6:9-13, Исус ја кажува молитвата како дел од Беседата на гората, објаснувајќи им на учениците како да се молат.

Во Лука 11:2-4, е дадена малку пократка верзија, кога учениците го замолиле: „Господи, научи нѐ да се молиме“.

Оче наш, Кој си на небесата,

да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата.

Лебот наш насушен дај ни го денес,

и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници.

И не нѐ воведувај во искушение, но избави нѐ од лукавиот.

Зашто Твое е Царството и силата и славата, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Молитва за прошка

Господи, прости ми ги моите гревови, волни и неволни, и научи ме на патот на покајанието.

Наполни го срцето мое со љубов, мир и смирение, за да можам да живеам според Твојата света волја.

Дарувај ми сила да ги победам искушенијата и да останам верен на Тебе во сите денови на мојот живот. Амин.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button