Дом и семејство

Најмоќната билка од кујната што носи пари, среќа и чисти лоша енергија – ставете ја во паричник и ќе привлечете пари

Оваа билка не е само за супа, откријте ја нејзината мистична моќ и древните ритуали што и денес се практикуваат.

Advertisement

Ловоровиот лист, познат во кујната како зачин кој дава длабочина на вкусот во чорби и варива, има и своја „тајна страна“ – со векови се смета за амајлија за среќа, пари и исполнување на желби. Додека денес го користиме за да го облагородиме ручекот, нашите предци го користеле и за да ја привлечат среќата во домот и животот, но и пари во паричникот.

Според народното верување, ако ставите ловоров лист во паричникот, тој делува како магнет за пари. Многумина веруваат дека токму овој мал гест може да донесе финансиска стабилност и изобилство.

Advertisement

Некои дури го држат и под чергичето пред вратата, верувајќи дека така привлекуваат благосостојба и заштита од несреќи во домот.

пекселс

Чистење на енергијата со чад од ловоров лист

Покрај тоа што ловорот се користи во ритуали за пари, се смета и за силен прочистувач на негативна енергија.

Во фолклорот на повеќе култури, ловоровиот лист се пали во домот, слично како кадење, со цел да се исчистат негативните вибрации и да се воспостави хармонија.

Advertisement

Се верува дека чадот го покажува присуството на добра или лоша енергија: ако чадот се шири рамномерно – домот е исполнет со мир, а ако се извиткува чудно или чадот брзо исчезнува – има нешто што треба да се смени.

пекселс

Запишете ја вашата желба

Еден од најпознатите ритуали со ловоров лист е оној што се изведува во време на млада или полна Месечина. Желбата се запишува директно на самиот лист, а потоа листот се фрла во оган и се остава да изгори, симболично „ослободувајќи ја“ желбата кон универзумот.

Многумина сведочат дека оваа практика навистина им помогнала да ги остварат своите соништа, но само доколку верувате.

Денес, покрај народната употреба, ловоровиот лист е вклучен и во некои аспекти на фенг шуи и енергетска медицина. Се препорачува да се постават неколку сушени листови во аглите на домот, или под перница.

Ако сакате да направите мал, но моќен чекор кон позитивна промена, пробајте со ловоров лист. И да не донесе веднаш пари, сигурно ќе внесе мир, фокус и нова енергија во секојдневието.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button