Интервју
COVER STORY

Најмногу ѝ се восхитувам на мајка ми, на нејзината тивка сила – женски муабети со пејачката Тања Јовановска

„Моето семејство, ќерка ми и сопругот. Тие се најважното нешто во мојот живот“ вели а Гламур Тања Јовановска

Advertisement

Гламур интервју со Тања Јовановска.

Тања  е наша позната фолк пејачка која навистина за нејзините години изгледа преубаво и држи одлична линија. Поразговаравме со Тања за нејзиниот изглед, убавина и нега….

Advertisement

Еве што ни откри оваа наша позната, прекрасна дама.

Прашање: Тања, како изгледа твојот утрински ритуал, како ти започнува денот?

Мојот ден започнува мирно, со благодарност. Наутро си земам неколку минути тишина, длабоко дишам и пијам чаша млака вода со лимон. Потоа следи едно нежно истегнување или лесна прошетка, па кафе – неизоставно. Ако сум дома, пуштам музика – некако ми е како молитва. А ако сум на пат или пред настап, ритамот е побрз, но секогаш ја чувам таа прва тишина за себе.

Прашање: Што се крие најчесто во твојот несесер кој го носиш со себе?

Секогаш имам балсам за усни, коректор, маскара и парфемче во мини издание. Понекогаш и мало огледалце и етерично масло со лаванда – ми помага кога сум под стрес.

Advertisement

Прашање: Како ја дефинираш убавината?

Убавината е енергија. Тоа не е ниту лице, ниту форма, туку нешто што зрачи одвнатре. Една тивка самодоверба, добрина во погледот и искреност во зборот. Тоа е убавина.

Приватна архива

Прашање: Каква е Тања приватно, колку време посветуваш на женската нега и на некои свои ритуали?

Приватно сум многу мирна и емотивна личност. Работам како училиштен психолог и секојдневно сум опкружена со детска енергија, искреност и многу чувства – па токму затоа ми е важно дома да најдам баланс и време за себе. Женската нега не ми е обврска, туку мал ритуал на самопочит. Една миризлива купка, маска за лице, чаша чај и музика – и денот добива сосема друга боја.

Прашање: Посетуваш ли козметички салони и какви третмани најчесто правиш?

Да, но не премногу често. Сакам хидратантни третмани за лице и масажи. Телото знае кога му треба внимание, и јас го слушам.

Приватна архива

Прашање: Кој ти е омилен парфем?

“Jimmy Choo“– нежен, женствен, свеж… како музика во мирис. 😊

Прашање: На што најмногу трошиш пари кога одиш во шопинг, што најчесто купуваш?

Најчесто гардероба , добра козметика, книги, а во последно време играчки и слични нешта за моето бишонче Бади 🥰

Приватна архива

Прашање: Како ја одржуваш линијата?

Слушам што ми кажува телото. Јадам балансирано, постам кога можам, пијам многу вода, и настапите ми се и Кардио и душевна терапија.

Прашање: Како би се опишала себе си?

Чувствителна, упорна, со голема љубов кон животот. Уметничка душа која сака да остави светлина каде и да помине.

Приватна архива

Прашање: Што е она што те движи напред?

Моето семејство, ќерка ми и сопругот. Тие се најважното нешто во мојот живот .Љубовта – кон музиката, кон луѓето, кон мојата мисија. И секоја порака од некој што ми рекол „ми го разубави денот“ – тоа ме храни.

Приватна архива

Прашање: Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?

Прв впечаток, можеби. Но траен впечаток – никогаш. Таму зборува душата.

Приватна архива

Прашање: Што мислиш за естетските корекции и дали во иднина би направила?

Сметам дека секој има право да се чувствува убаво во својата кожа. Јас лично внимавам да останам природна, но не го осудувам никого. Ако некогаш нешто ме направи посреќна – ќе размислам, но со мера.

Прашање: На која дама ѝ се восхитуваш и зошто?

На мајка ми – за нејзината тивка сила, трпение и мудрост. И на сите жени кои чекорат со кроткост, но и со внатрешна огнена решителност.

Прашање: Каква треба да е современата жена?

Современа жена треба да биде своја. Да си ја знае вредноста, да не се плаши од сопствениот глас, но и да знае да сака, да простува и да создава светлина – таму каде што никнува темнина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button