Овој депресивен и мистериозен хороскопски знак на многумина им се чини како вистинска загатка. Станува збор за Скорпијата.
Личностите родени во овој знак често се кријат под маската на хумор и амбициозност, но во длабочина на нивната душа се мрачни и тајни. Кога станува збор за љубовта, Скорпиите се прилично љубоморни и одмаздољубиви, а поради нивниот непредвидлив карактер, често се однесуваат и деструктивно.
Ако се страствени околу нешто, спремни се да се борат до самиот крај, а кога е во прашање водството, тие се подобри лидери и од Овните и Лавовите, затоа што проучувањето на човековата психологија им е главна преокупација.
Скорпиите ќе остават длабока трага во вашиот живот и сигурно нема да ги заборавите. Многу се доминантни и способни се да ве шармираат до таа мера што ќе зависите од нив. Ако ги изневерите – очекувајте голема одмазда!