MAMAРецепти

Најмеките домашни кифлички од Тиквешијата – тајниот рецепт на Зорка Јанчeва што освојува на прво залче!

Ако сакате да ги изненадите најблиските со нешто што мириса на дом и љубов, пробајте го рецептот на нашата Зорка од Тиквешијата. Овие кифлички се повеќе од храна – тие се традиција, топлина и душа во секое залче.

Advertisement

Во време кога старите рецепти повторно се враќаат на трпезите, една мајсторка за тесто ги освои срцата (и стомаците) на стотици следбеници на социјалните мрежи.

фото-приватна архива

Зорка Јанчeва, нашата домаќинка од срцето на Тиквешијата, уште еднаш го сподели својот проверен и многупати испробан рецепт за совршени меки кифлички.

Advertisement

„Ми велат, Зорке, од овие кифлички цела куќа мириса, а комшиите сами се покануваат на гости!“ – раскажува низ смеа Зорка.

И навистина, овие кифлички се вистинско уживање!

фото-приватна архива

РЕЦЕПТ НА ЗОРКА ЈАНЧЕВА – Кифлички што се топат во уста

фото-приватна архива

Потребни состојки за тестото:

Advertisement

250 мл млеко

250 мл кисело млеко

1 коцка свеж квасец

4 големи лажици зејтин

1 лажица сол

1 мала лажичка шеќер

1 цело јајце

3 белки

1 кг брашно

250 г маргарин (на собна температура)

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

За премачкување на корите однатре:

Маргарин (на собна температура)

Сирење по избор

1 жолчка за премачкување

Сусам за посипување

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото и во него растворете го квасецот со шеќерот.

Во голем сад измешајте ги сите течни состојки: млекото, киселото млеко, зејтинот, јајцето, белките, солта.

Постепено додавајте брашно и замесете меко, еластично тесто.

Оставете го тестото да надојде околу 30 минути.

Откако ќе нарасне, прелијте го со една лажица зејтин, измешајте уште еднаш и пак оставете да се одмори.

Тестото поделете го на топчиња и секое расукајте го во кора.

Секоја кора премачкајте ја со маргарин, ставете сирење, засечете како за кифлички и завиткајте.

Наредете ги кифличките на плех, покријте ги и оставете уште еднаш убаво да нараснат.

Премачкајте ги со жолчка, посипете со сусам и печете во загреана рерна на 200°C околу 10 минути (во зависност од вашата рерна).

фото-приватна архива

Зорка вели: „Кога ќе ги пробате овие кифли, ќе сакате секогаш да се на вашата трпеза! Мирисот, вкусот, мекоста!“

Споделете, пробајте и не заборавајте – убавината е во едноставноста и во срцето со кое готвите!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button