Сакате да ослабите 5 до 10 килограми во 6 недели? Заборавете на Дукан и Аткинс – прескокнете го појадокот, напијте се кафе и бањајте се во ладна вода!
Прескокнете го појадокот, јадете три големи оброци дневно и ’поливајте‘ се со кафе. Иако ова звучи како попис на работи кои не би требало да ги правите ако сакате да ослабите, сепак не грижете се. Станува збор за диета која стана толку популарна, што пред некои време на листата на најпродавани прирачници за слабеење, ја симна од тронот славната Аткинс диета!
Диетата со име “Six Weeks To OMG” на британскиот автор и тренер по фитнес Венис А. Фултон, е комбинација на научно истражувања и искуството на Фултон во работата со славни клиенти на кои им помогнато во слабеењето и обликувањето на телото. за разлика од повеќето други диетални режими, Фултон не нуди структурален план на оброци и рецепти, но вели дека доколку ги прилагодите неговите совети на сопствениот животен стил, може да загубите 5 до 10 килограми за шест недели.
Еве ги неговите шест чекори кои ги пренесува Mail Online.
1. Прескокнете го појадок.
„Појадокот е најважниот оброк во денот, зарем не? Грешка! Најстрашниот, но и најважниот дел од мојот план на исхрана гласи: Престанете да јадете појадок шест недели“, советува Фултон. Кога одите во кревет, секогаш постои извесна количина на енергија во вашиот состав – храна во желудникот, некоја во крвта, некоја складирана во вашиот црн дроб. Но бидејќи вашиот мозок се уште работи додека спиете, кога ќе се разбудите нема да остане ништо. Резултат на тоа се сигналите кои мозокот ги праќа дека сме гладни и сакаме појадок. Ако сакате да ги изгубите резервите на масти, не смеете да појадувате наутро. Не смеете да јадете, туку движете се и вежбајте кога во организмот имате мало количество на енергија (кога сте се разбудиле и пред да започнете со појадокот) и вашето тело ќе ги согори вишокот на масти.
2. Секое утро потопете се со ладен туш.
Ладниот туш секое утро ќе го поттикне вашето тело да ги согорува потхранетите масти и така значително ќе го забрза метаболизмот во наредните 12 до 15 часа. Морате да се истуширате во вода која е меѓу 15 и 20 степени и да издржете во истата повеќе од 15 минути. Немојте веднаш да влегувате под тушот (или кадата), туку постепено и никако не обидувајте се да се загреете со топол туш, затоа што може и да се онесвестите!
(Напомена: Промените во телесната температура можат повремено да влијаат на крвниот притисок. Немојте да ги користите ладните тушеви ако имате проблеми со срцето, крвниот притисок или со дијабетес.)
3. Време е за кафе
После ладниот туш, време за шолја кафе. Кафето е природна напивка која ги согорува мастите, а тајната е во кофеинот. Кога го консумирате на празен желудник, ќе му даде сигнал на вашето тело побргу да ги согорува мастите. Кофеинот ги отвора масните станици чија што содржина ја испушта во крвотокот од каде што после мастите одат во мускулите и овде функционираат како течно масно гориво. Но, морате да ја комбинирате утринската доза на кофеин со телесна активност. Ако тоа не го направите, мастите ќе останат во крвта и со тек на време ќе ги оштетат артериите.
Испијте само мала шолја на кафе, без шеќер, вештачки засладувачи или млеко, кои го поттикнуваат телото да ослободува инсулин, кој сигнализирајќи дека наскоро пристигнува храна, го запира согорувањето на масти.
Премини на следна страна >>