MAMAРецепти

Најкремастата торта без печење и без јајца – се прави за 20 минути, а вкусот е незаборавен

Ако сакате слатки, но не сакате да поминувате многу време во кујна, овој рецепт е идеален за вас!

Advertisement

Денес ви претставуваме еден прекрасен домашен десерт, кој има вкусен, кремаст фил на база на шлаг. Еден дел од филот се збогатува со бела чоколада, додека другиот добива неодолив вкус и боја со чоколаден крем.

За подготовка на оваа торта нема да ви бидат потребни повеќе од 20 минути, а нејзиниот вкус е божествен – совршена за пролетните денови.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Потребни состојки:

350 мл млеко

150 г бисквити

500 мл слатка павлака за шлаг

Advertisement

100 г шеќер во прав

500 г маскарпоне сирење

150 г бела чоколада

150 г чоколаден крем

20 г млечна чоколада

принтскрин јутјуб

Како се подготвува?

Истурете го млекото во длабок сад, накратко потопете ги бисквитите и наредете ги на дното на калапот.

принтскрин јутјуб

Во друг сад ставете ја слатката павлака и матете со миксер. Додадете го шеќерот во прав и продолжете да матите додека згусне и добиете цврст шлаг.

принтскрин јутјуб

Додадете го маскарпоне сирењето и продолжете со матење додека добиете мазна смеса, а потоа поделете ја на два еднакви дела.

принтскрин јутјуб

Во првиот дел додадете стопено бело чоколадо и убаво измешајте. Половина од оваа смеса нанесете врз наредените бисквити и израмнете со лажица или шпатула.

Наредете уште еден ред бисквити натопени во млеко.

Во вториот дел од шлагот додадете чоколаден крем и измешајте додека се соедини. Половина од оваа смеса нанесете ја врз вториот слој бисквити и израмнете. Потоа повторно наредете бисквити натопени во млеко.

Врз бисквитите нанесете ја втората половина од смесата со бела чоколада, израмнете, па повторно наредете слој бисквити натопени во млеко.

Следно, нанесете дел од смесата со чоколаден крем, наредете уште еден ред бисквити, а потоа нанесете го остатокот од смесата.

принтскрин јутјуб

Одозгора изрендајте млечна чоколада.

Ставете го десертот во фрижидер и оставете го да се стегне најмалку два часа пред сервирање.

принтскрин јутјуб

Уживајте во овој кремаст и лесен десерт!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button