Рецепти

Најкремаста славска салата, готова за 10 минути – со очи ќе ја изедете

Можете да ја сервирате и како замена за оброк во обични денови.

Advertisement

Славите се пред нас, а ние мислиме на вас и ви носиме рецепт за суперкремаста славска салата што ги воодушеви сите гости, а може да ја послужите и како лесен оброк во обични денови.

Се подготвува навистина брзо, а вкусот е неповторлив.

Advertisement

Состојки:

450 г варено бело пилешко месо

200 г кулен

4 варени јајца

5-6 кисели краставички

50 г рендан кашкавал

180 г павлака

170 г мајонез

1 лажица сенф

Подготовка:

Исечете го вареното пилешко месо на ситни коцки.

Исечете го куленот и киселите краставички на мали парчиња.

Варените јајца исечете ги на коцки и измешајте ги со месото и куленот.

Додадете рендан кашкавал, павлака, мајонез и сенф.

Сè добро измешајте додека да добиете кремаста и хомогена смеса.

Послужете веднаш или оставете кратко во фрижидер пред сервирање.

Доколку пак, барате рецепт за славска погача, ние ви предлагаме традиционален, стар со векови, кој се пренесува од мајка на ќерка, а потекнува од црковните традиции. Во минатото, жените го меселе со раце, додека кажувале молитви, верувајќи дека така во него се вложува благослов за здравје и изобилство. Рецептот прочитајте го – ТУКА.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button