Нејзината шега не им се допадна на сите
Според Ким и болеста е еден вид диета. Но со ова очигледно не се согласуваат нејзините обожаватели на социјалните мрежи. Имено, старлетата на својот Твитер профил деновиве објави порака на која пишуваше „Грипот може да биде одлична диета. Толку сум среќна што се разболев пред Мет“ (се однесува на Мет Гала забавата).
Но она што требаше да биде само шега, бројни корисници го фатија пресериозно и ја дочекаа на нож. Сепак, очигледно е дека Ким не е загрижена премногу за негативните коментари, па само еден ден по нејзината објава се прошета во ова провокативно издание.
Познатата старлета и риалити ѕвезда се прошета во „невидливи“ хеланки во боја на кожа во комбинација со кроп-топ со кој ја истакна нејзината тенка половина (најверојатно благодарение на грип-диетата) и преку него долг тренди капут.
Па, што велите за ова издание на Ким?