Шопинг

Ова се најпопуларните фармерки на Инстаграм – толку се грди што повеќето Македонки не би ги носеле и бесплатно да им ги дадат

Advertisement

Најбизарните фармерки што ќе ги најдете во продавниците

Advertisement

Трендот со бизарните фармерки не престанува. Тие се уште се хит, а британската дизајнерка Наташа Зинко се појави во јавноста со својот модел кој чини „само“ 695 долари (а за кој мораме да признаеме дека е еден од најгрдите што сме ги виделе досега!). Панталоните изгледаат како петгодишно девојче да ги земала фармерките на својата мајка па на нив да ги пришила своите. Но без разлика дали ни се допаѓаат или не, тие се вистински хит на Инстаграм. Трендот се вика „дупли џинс“, а првата тура фармерки веќе е распродадена.

На нивниот сајт пишува дека главна предност им е тоа што имаат седум џебови, но прашање е дали ќе имате што да ставите во нив откако ќе треба да потрошите две просечни македонски плати за еден пар фармерки.

Advertisement

Па, дали би носеле некој од овие модели? 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button