НАЈГОРДАТА БАБА: Драгана Мирковиќ го прослави раѓањето на нејзината внука Ксенија (ФОТО)

ФОЛК ѕвездата Драгана Мирковиќ, вчера, понеделник, 20 октомври, стана баба на мало девојче, Ксенија, чии родители се нејзиниот син Марко Бијелиќ и снаата Мелани.
Пејачката со нетрпение го очекуваше раѓањето на нејзината прва внука, па за време на прославата одржана во замокот Ебенфурт, Драгана не ја криеше радоста што доби уште една улога во нејзиниот живот.
– Ви благодарам за честитките, најдобрите желби и прекрасните зборови, ова е мојата нова и најважна животна титула. Јас сум најгордата баба на светот и ви благодарам што секогаш сте тука за мене – изјави Драгана за српските медиуми.
Фотографија: Приватна архива
За потсетување, породувањето е извршено со царски рез во престижната клиника AKH во Виена, и како што дознаваме, сè поминало без проблеми. Мама Мелани се чувствува одлично, а малата принцеза Ксенија доби највисоки оценки при раѓањето.