Погледот во ѕвездите може да покаже што сакаме најмногу, а и од што најмногу се плаѓиме во животот. Еве кои се најголемите стравови на секој хороскопски знак.
Овен
Овните се многу друштвени личности и секогаш се опкружени со пријатели. Овој хороскопски знак не знае како да биде сам.
Бик
На Биковите им треба рутина и сигурност. Не им е лесно ако дојдат до изненадни промени.
Близнаци
Овој хороскопски знак е љубител на авантури и промени. Ништо не го плаши повеќе од нормален, неспектакуларен живот.
Рак
Раковите се многу чувствителни, па им е важно што мислат другите. Тие се плашат од тоа како другите ќе го прифатат нивното мислење.
Лав
Лавовите сакаат повеќе од просечното и се родени како лидери, а ако некој не им го даде посакуваното внимание, тоа за нив е вистински хорор.
Девица
Девицата е најголемиот перфекционист во Зодијакот, па ако нешто не ѝ оди по планот, тогаш е нервозна и не знае како да продолжи понатаму.
Вага
Личностите родени во знакот Вага не сакаат однапред да мислат за иднината, затоа што секогаш се плашат дека ќе донесат погрешна одлука.
Скорпија
Скорпијата не може лесно да им верува на другите, а постојано стравува дека ќе ги повреди саканите.
Стрелец
Стрелците се плашат да не зависат од другите. Ним им треба сигурност и сакаат својот живот да го имаат во свои раце.
Јарец
Јарците секогаш мора да го даваат најдобро од себе. За нив животот е голем натпревар, па се плашат некогаш да не задоцнат, без разлика дали на деловен или приватен план.
Водолија
Водолиите не сакаат да се чувствуваат заробено, па затоа ако сте во врска со овој хороскопски знак треба да им ја дадете потребната слобода, во спротивно бргу ќе побегнат.
Риби
Рибите постојано се во потрага по животната смисла и тие стравуваат дека никогаш нема да ја откријат истата.