„Форбс и оваа година ја состави листата со актери кои без причини добиле големи хонорари.“
На прво место се најде актерката Дру Баримур како една од најскапо платените актери, којашто на секој вложен долар успеала да врати одвај 40 центи. Статистиката на ова познато списание годинава ја претставува Дру како најголема губитничка во Холивуд.
Инаку листа на Форбс е составена врз основа на анализа на филмовите кои се направени во последните три години, па покрај Баримур тука се наоѓаат и имињата на уште 39 познати актери кои со своите превисоки хонорари ги празнат холивудските каси. Веднаш по неа, на престижното второ место се наоѓа Еди Марфи, кој пак на секој вложен долар вратил само 2.70 долари! Потоа, во оваа листа со неранимајковци од кои дури и Холивуд може да пропадне, следуваат: Вил Фарел, Дензел Вашингтон, Николас Кејџ, Том Круз и Никол Кидман. Кој од кој поголем лузер, по ѓавилите!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!