Е ова ќе ви се допадне. Многу! Прочитајте и откријте ја најголемата тајна за супер тело!
Е овој трик ќе ви се допадне. Многу!
Ана Кајсер, тренерот на Карли Клос која исто така соработуваше и со Шекира и Сара Џесика Паркер ни го разубави денот кога ни откри што е најважно за витко тело. Се надеваме дека така ќе биде и со вас! Имено, Ана има еден совет кој според неа е еден од најважните кога се килограмите во прашање, а тоа е – добро да се наспиете!
„Мислам дека луѓето просто не разбираат колку е важно добро да се наспиете. Ако спиете пет до шест часа, а имате можност да отспиете барем уште еден час, направете го тоа без размислување. Неспиењето го исцрпува вашиот организам па ќе имате и помалку енергија, ќе задржите повеќе вода, а и повеќе ќе јадете бидејќи ќе бидете гладни“, вели Ана Кајсер.
И тоа се секако дека влијае на обликот вашето тело.
„Пет или шест часа спиење не е доволно! Тоа ги намалува вашите когнитивни функции а и хормоналниот состав нема да ви биде во баланс. Треба да спиете седум, осум часа на ден и тогаш и подобро ќе вежбате, но и ќе јадете помалку“, вели тренерката на познатите девојки.