Реклама
MAMAРецепти

Најевтиниот колач на светот – рецепт кој не смеете да го пропуштите

Реклама

Кој сака чоколадни колачи, мора да го испроба овој рецепт!

Потребни состојки:

  • 250 милилитри јогурт
  • 100 милилитри зејтин
  • 100 милилитри млеко
  • 3-4 лажички шеќер
  • Ванилин шеќер
  • 7 лажички брашно
  • 3 лажички какао во прав
  • 1 прашок за пециво
  • 200 милилитри сок од портокал

Потребни состојки за фил:

  • 800 милилитри млеко
  • 3 пудинзи од чоколадо
  • 5 лажички шеќер
  • 150 грама чоколадо

Начин на подготовка: Во една чинија измешајте го јогуртот, млекото и маслото, додајте шеќер па добро промешајте. Потоа одвоено измешајте го брашното, прашокот за пециво и какаото, па сувите состојки додајте ги во течните. Сите состојки замесете ги во меко тесто. Печете околу 20-тина минути на 200 степени Целзиусови. Кога ќе се испече, додека е топол прелијте го со 200 милилитри сок од портокал. Додека се пече колачот, направете пудинг па додајте му чоколадо. Врелиот фил ставете го преку топлиот пандишпан. Почекајте да се олади колачот, па исечете го на коцкички и сервирајте го. Пријатен апетит!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button