Најемотивната изведба на песна од Тоше Проески – Миро од Македонија ги расплака сите со овој настап
Еден од најемотивните моменти во „Никогаш не е доцна“

Финалистот од „Никогаш не е доцна“ зборуваше искрено и за дружбата со легендарниот Тоше Проески…
Шармантниот Македонец со адреса на живеење во Љубљана, Мирослав Тодосовски Миро (48), ги освои сите со својот глас.
Тој стигна до финалето во „Никогаш не е доцна“, каде иако не победи не крие дека е презадоволен од резултатот.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Миро веќе со години живее во Словенија заедно со својата сакана, а неговата мајка е од Босна и Херцеговина, додека татко му од Македонија, каде шармантниот пејач помина и поголем дел од животот.
Тој со музика се занимава повеќе од две децении, а има настапувано со бројни познати пејачи како Цеца Ражнатовиќ, Бијело Дугме, Сека Алексиќ, а бил близок и со легендарниот пејач Тоше Проески.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
И токму со песната од Тоше, „Тајно моја“, Миро настапи во една од емисиите и никого не остави рамнодушен.
Тогаш во студиото седеше и познатата пејачка Ивана Павковќ, која сподели дека нејзините мајка и татко се од Македонија, па Миро со оваа емотивна изведба ја вратил во нејзиното детство.
Миро со својата девојка
Божествени вокални способности
И како што самиот Миро потоа откри за „Гранд“, тој Тоше го познавал и се запознале на еден фестивал каде ој ја пеел токму оваа песна. Тој за легендарниот пејач вели дека имал божествени вокални способности, но и дека имал таква енергија што секогаш кога ќе бил покрај него, чувствувал како му се тресат рацете, и дека сите го опишуваат како таков.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Стоев покрај многу познати фаци и ми беше чест, но Тоше имаше посебна енергија. Тој имаше многу силна емоција, навистина ми е драго што имав чест да ја испеам оваа песна“, изјави тогаш Миро.
Како изгледаше овој негов настап кој дефинитивно ќе остане запаметен како една од најемотивните изведби на оваа песна од Проески, погледнете и потсетете се од видеото во продолжение:
Во продолжение прочитате го и текстот „Оваа русокоса убавица го освои срцето на финалистот од Македонија во популарното шоу на Гранд“, и откријте која е жената заради која Миро живее во Словенија.