Најдовме преку 500 писма, ќе ги објавам во книга – Анче на маестро Џамбазов му пишувала секој ден додека бил во војска

Шоуменот Игор Џамбазов во едно неодамнешно интервју открива дека пред извесно време налетал на огромни кутии поолни со стари семејни реквизити, фотографии и она што најмногу го изненадило се стари писма.
Џаммбазов отворено раскажува за тоа дека се работи за писма коишто додека неговиот татко маестро Александар Џамбазов бил во војска, неговата љубена, актерката Анче Џамбазова буквално секој ден му праќала писмо.
Татко ми служел восјка година и пол, тоа се над 500 дена. Со сестра ми најдовме петстотини и кусур писма, замислете. Таа му писувала секој ден, а тој и враќал понекогаш кога можел. Писмата се неверојатни, пишува: „љубов моја, денеска …“. Кога ги разгледав сфатив дека имам нова книга – вели Игор.
Тој сподели дека тие со неговата сестра Тања многу се израдувале, но смета дека и јавноста треба да ги види овие писма.
Долго време немав храброст да ги отворам тие кутии, не дека се плашам дека ќе најдам нешто лошо, туку се плашам дека ќе откријам нешто што ќе ме натера да направам нешто, а не сум спремен – вели Џамбазов.
Погледнете го целиот разговор каде тој со силни емоции зборува за неговата мајка во емисјата „Мамавизија“ на видеото во продолжение.