Скопје, Јануари 2014 – Подготовките за априлското, деветто издание на Моден викенд Скопје, стартуваа со фотосесија за новиот имиџ кој ќе ја следи сезоната пролет –лето 2014 година.
Во новата сезона Моден Викенд Скопје ќе ги обедини природата, која во денешното време повеќе не е статична, балансирана и хармонична и техологијата која инспирирана од културните навики ја дизајнира нашата околина создавајќи ја таканаречената „Следна природа“- која е апсолутно динамична и непредвидлива.
Деветтиот Моден Викенд Скопје кој ќе се одржи од 1 до 6 април, ќе ги спои силата на виолетовата и страста на црвената со волшебен букет од интензивни бои и раскошни 3Д цветови.
Во дезените на претстојните пролет и лето ќе не облечат македонските дизајнери чиишто најнови колекции ќе ги видиме на различни локации во Скопје.
Фотографии: Продуцент: Светлана Богова Јовановска, Фотографија – Ани и Дими, Шминка, Официјален партнер за шминка и убавина „Cosmo“ во соработка со Зоран Шурбевски, Фризура : Брендот Rolland во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин, Модел : Валентина Куновска (модна агенција Подиум), Кастинг директор: Ирина Илиевска, Кастинг асистент: Виктор Цветановски