Овде ви приложуваме листа на најдобрите јога вежби кои можете да ги правите во удобноста на вашиот дом.
Сите имаат денови кога не им се излегува од дома, и кога последното нешто што им паѓа на памет е вежбање. Сепак, кога веќе ќе се зафатите со вежбање, многу е лошо да почнете да ги прескокнувате тренинзите, затоа што тоа сигурно води кон откажување и престанување со активноста. Затоа, обидете се да соберете сили и ако не ви се излегува од дома, најдете практично решение – вежбајте дома и тоа со помош на Јутјуб!
Не мора да се облекувате кој знае како, можете да поминете и во најстарите хеланки (и со мрсна коса), никој нема да ве гледа. Ќе си вежбате во удобноста на вашиот дом и ќе се чувствувате прекрасно затоа што сте останале доследни и не сте го прескокнале тренингот.
На Јутјуб има безброј видеа со јога вежби, а овде во продолжение ги издвоивме најдобрите кои можат да се најдат:
1) TaraStiles
{youtube}XRQLKwcgrTM{/youtube}
Тара е основоположник на тип на јога кој се нарекува „Страла јога“, а нејзините вежби се наменети за средно до напредно ниво.
2) Yoga With Adriene
{youtube}v7AYKMP6rOE{/youtube}
Едриен покажува јога вежби за почетници, па се до средно-напредно ниво.
3) KinoYoga{/youtube}
{youtube}PZcp3Lz7WJs{/youtube}
Кино ве води низ тајните на Аштанга јогата, но само оние кои се на напредно ниво.
4) Eckhart Yoga
{youtube}ZmxHji4vpZs{/youtube}
Естер покажува хатха и винјаса јога, и тоа вежби кои се идеални за вистински почетници.
5) Yoga Journal
{youtube}razCE9EOzK8{/youtube}
Ова е совршена јога за почетници, бидејќи детално се објаснува секоја поза.
6) Fightmaster Yoga
{youtube}vIp5PMWX52Q{/youtube}
Лесли ви покажува вежби за средно-напредно ниво.
7) SarahBethYoga
{youtube}Hjrslk86Pzs{/youtube}
Сара покажува винјаса, хаса и пауер јога, кои се наменети за второ и напредно ниво.
8) Yoga House
{youtube}9QyXbfLIj7g{/youtube}
Јога хаус нуди часови по бикрам, аштанга, пауер и кундалини јога, кои се соодветни за средно напредно ниво.
9) Yogasync
{youtube}lbyHCkNEOKo{/youtube}
Yogasync нуди јога за почетници.
10) DoYouYoga
{youtube}62nYOanBI7c{/youtube}
DoYouYogaе еден од ретките канали кои нудат вежби и предизвици за сите нивоа.
Извор: elle.com