Нема потреба да излегувате и да се шетате низ ГТЦ или Скопје Сити мол – ова се најдобрите пролетни парчиња што можете да ги купите и преку интернет
Во познатите интернет продавници како што се „Net-a-porter“ или „Asos“ веќе не чекаат новите пролетни модели
И покрај студеното време пролетта веќе следната недела би можела ненајавено да се појави па нема да биде лошо ако навремено да се подготвиме. Но бидејќи надвор се уште е студено, благодатите од купувањето облека преку интернет не треба да ги споменуваме, особено не сега кога ни се достапни и многу дизајнерски и хај-стрит брендови до кои порано навистина тешко доаѓавме. Потребни се само неколку кликови, без никакво туркање во продавниците, и нашите омилени модели веќе се на пат кон нашите плакари.
Што се однесува до трендовите, оваа пролет изберете бои што врескаат. Меѓу најбараните се пастелните и жолтите нијанси, а од дезените вистински хит се точките, ригите и карираните модели. Меѓу најпопуларни се и фустаните на преклоп како и оверсајз сакоата кои беа хит и претходната сезона.