Наши ѕвезди

Најдобрите изданија на Анета по разводот – пејачката ги изненади сите, но овој детаљ го криеше (фото)

Беше и остана една од нашите најдобри фолк-пејачки

Advertisement

Битолчанката Анета Љумаковска веќе со години важи за една од нашите најпознати и омилени фолк-пејачки.

Но таа од самиот почеток на својата кариера беше во врска, а потоа и во брак со Џими Мицевски, така што беше недостижна, иако со својот глас, но и провокативен изглед мамеше воздишки.

Advertisement

Пејачката од овој брак ја има ќерката Моника, а пред две години со поранешниот решија да се разделат и секој тргна по свој пат.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа набргу потоа ја напушти и групата „Молика“ во која беа и двајцата, а набргу го врати своето моминското презиме.

Advertisement

Оттогаш многумина се прашуваат што се случува со нејзиниот љубовен живот, посебно откако Анета драстично го промени својот имиџ.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, Анета иако отсекогаш имала сé што треба да има една ѕвезда, таа додека беше во брак ретко експериментираше со својот стил, што во изминатиов период драстично се промени.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Нова љубов во животот

Таа беше позната и како дама која често може да ја видите и без шминка, што навистина е реткост кога станува збор за познатите.

Но Анета во последно време навистина се промени, а деновиве изненади со уште една промена со која го заврши летото.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката откри и дека има нова љубов во животот, и тоа повторно со колега, а оваа нејзина објава предизвика бура од реакции.

Но токму бројните коментари, меѓу кои имаше и хејтови, покажува колку Анета всушност е позната и популарна кај нас.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Поубава и посилна од кога било досега

Таа дефинитивно е една од нашите најголеми фолк-диви, а овие нејзини изданија покажуваат и дека не само што го преброди тешкиот период низ кој што поминува секој после развод, туку и дека планира сериозно да и се посвети на својата музичка кариера.

Впрочем, затоа Анета и постојано е во комуникација со својата верна публика, а за тоа зборуваат и нејзините последни изданија на кои изгледа поубаво од кога било досега.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Од друга страна, тоа што во последните денови е една од оние јавни личности за кои најмногу се пишува во медиумите, посебно по фотографијата со своето ново момче (види тука), кажува само едно. Да, Анета е една од нашите најпознати фолк-пејачки, ама и жена која може да биде скромна, но и дама која знае како да биде во центарот на вниманието. Впрочем така и го заврши ова лето, за разлика од претходното кога ѝ почина таткото, со кого беше мошне блиска и кој и беше најголема поддршка во животот.

Ова за неа беше тежок удар и голема болка која нема никогаш да помине, па на својот татко му ја посвети и една од своите последни песни, во која ги испеа најтажните стихови во нејзиниот живот.

Повеќе за ова прочитајте тука>>

Но, животот продолжува, а Анета посилна, но и поубава од кога било досега, продолжи и со својата најголема љубов во животот, а тоа е – музиката. И како што самата изјави во една пригода за Гламур, ќе пее и ќе другарува со песната се додека ја држи гласот, бидејќи токму музиката е нејзиниот живот.

Што друго ни откри Анета тогаш, откријте тука.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button