Погледнете кои се најдобрите документарни филмови за мода преку кои ќе се запознаете многу подобро со вашите омилени моди ликови.
Станува збор за фантастични филмови во кои се опишани животните сцени и световите на ликовите како уредничките на американскиот или францускиот Вог, потоа на некои од најлегендарните дизајнери, стилистки и сл.
1. „The September Issue” (2009)
Да се биде во близина на Ана Винтур е фасцинантно, но и напорно. Но, во фокусот во документарецот „The September Issue“ од 2009 година не е таа, туку креативниот директор на Вог, Грејс Кодингтон. Таа со нејзината карактеристична црвена коса и саркастичните коментари ќе остане засекогаш во нашето сеќавање.
{youtube}X8DIAeKoHEU{/youtube}
2. „Unzipped” (1995)
Документарец за процесот на создавање на колекцијата на Исаак Мизрахи за сезона есен/зима 1994. Доколку сте фан на супермоделите, оваа е филм која МОРА да се изгледа бидејќи во него се појавуваат Наоми, Кристи, Линда и сите други познати манекенки.
{youtube}irIUyh38WFw{/youtube}
3. „Diana Vreeland: The Eye Has to Travel” (2011)
Познатата модна уредничка и новинарка Дијана Вриленд беше модни ексцентрик, а документарецот е за нејзината кул страна како и за фамозната изјава поради која сите ја памтиме „синиот џинс е нешто најдобро што се има појавено од гондолата“ или пак, „првото нешто што треба да го направите е да се родите во Париз“. Колку добро кажано, нели?
{youtube}HP3wsNdANhM{/youtube}
4. „A MAN’S STORY” (2012)
Станува збор за филм кој го следи познатиот дизајнер на машка облека, Освалд Боатенг, и тоа во долг период од 12 години.
{youtube}srsrBeoRg0s{/youtube}
5. „Bill Cunningham New York” (2010)
Легендарен фотограф на Њујорк Тајмс, Бил Канингам кој беше еден од најинтересните ликови во историјата на фотографијата, а овој предобар портрет од 2010 година ќе ве натера да се вљубите во неговата работа.
{youtube}M8kINiFhplc{/youtube}
6. „Scatter My Ashes at Bergdorf’s” (2013)
Да, „Bergdorf“ е има на една светски позната стоковна куќа, но филмот е повеќе за Бети Холбрајх, жената која повеќе од 37 години беше најголемата ѕвезда на овој бренд и тоа најповеќе поради нејзината позиција „personal shopper“. Таа ги има облекувано Лорен Бекол, Џоан Риверс и голем број други познати девојки.
{youtube}m_tlLasDH3A{/youtube}
7. „This Is My Dream: Yohji Yamamoto” (2011)
Јамамото е јапонски дизајнер кој влегува во кругот на најпопуларните дизајнери кои се прославија со совршен крој и употреба на луксузни материјали, како и црна боја. Многу интересен и интимен документарец поради кој МОРАТЕ да го изгледате и поради кој многу повеќе ќе почнете да ја цените работата на реномираните дизајнери
{youtube}3JO-iiLZu8U{/youtube}
8. „Mademoiselle C” (2013)
Документарец за поранешната уредничка на францускиот Вог, како и за нејзината работа на првиот број на култниот магазин CR Fashion Book, како и осврт на нејзините пријателства од светот на познатите во кои се вклучени Сара Џесика Паркер, Карл Лагерфилд и сл.
{youtube}vGMdJVZUjFg{/youtube}
9. „McQueen and I” (2011)
Документарец со фокус на односот помеѓу Ли Меквин и неговата муза, стилистката Изабел Блоу, „McQueen and I“ ни ја прикажува приказната за популарноста, брилијантната кариера и трагичниот крај кој кулминираше со нивното заедничко убиство.
{youtube}fNK2mKT8n9o{/youtube}
10. „Annie Leibovitz: Life Through a Lens” (2008)
Документарец за една од најпознатите модни фотографи, Ени Лебовиц, која се прослави фотографирајќи ги силните и моќни жени како Ана Винтур, Грејдон Картер, Хилари Клинтон и Бет Мидлер, а во овој филм зборува за своите почетоци, луѓето кои ја имаат инспирирано како и за славните соработки во нејзината кариера.
{youtube}aqa2y2j3OCk{/youtube}
11. „Valentino: The Last Emperor” (2008)
Италијанскиот дизајнер Валентино Гаравани имаше голема кариера која траење неколку декади се додека не реши да се повлече во 2008 година. Во документарецот во фокусот е и неговиот однос со Џанкарло Џиамети, неговиот животен и бизнис партнер.
{youtube}NvcgM4UfTSg{/youtube}
Извор: Elle