Несомнено е дека браќата и сестрите се најдобрите пријатели за целиот живот, без разлика дали тоа сега го прифаќете или не. Вие сте поврзани на еден посебен начин и тешко кој може да ве одвои. Но, од една страна астрологијата открива дека личностите родени во овие хороскопски знаци се фантастични членови на есекое семејство. Еве кои се тие.
Вага
Вагата ги содржи сите карактерни особини коишто би посакале да ги имаат вашиот брат или сестра. Нив им е многу важно да одржат пријатен однос со најблиските и грижливо ги градат односите. Не само што е едноставно невозможно да слушнете дека некоја вага изневерила некој што ѝ е важен во животот, туку таа истовремено е способна и да се справи со секое недоразбирање како ангел, решавајќи го секој проблем со леснотија.
Бик
Доколку имате брат или сестра родени во знакот бик, тогаш вие навистина имате личност којашто секогаш ќе ви го чува грбот и ќе се бори за вас со сите можни сили. Биковите сериозно ги сфаќаат луѓето коишто ги сакаат, а бидете сигурни дека вас дефинитивно ве сакаат, од проста причина што сте им најблиска фамилија, па дури и да немате ништо заедничко. Лојалноста за нив не е нешто коешто ќе се обидат да ви го интерпретираат или докажат – тие или се или не се лојални! Едноставно кажано, вашите непријатели се и нивни непријатели.
Риби
Доколку вашиот брат или сестра е риби во хороскоп, тогаш вие имате бескраен извор на љубов, нежност, наклонетост и разбирање до крајот на животот, дури и без да се трудите да го добиете тоа од нив. Рибите ќе го забележат сето она што е убаво кај вас, дури и ако вие самите не можете да го видите тоа. Тие ве ценат како нивни брат или сестра, согледувајќи дека сте редок, незаменлив скапоцен камен, за којшто се среќни што е дел од нивниот живот. Рибите навиваат за вас и вашите успеси и секогаш ќе ви ја понудат нивната поддршка. Доколку некогаш нешто ви е потребно, вашиот брат или сестра роден/а во хороскопскиот знак риба, е првата личност на којашто ќе ѝ се обратите.