Кафе муабет

Дали знаете зошто муслиманките се покриваат? Прочитајте го најдобриот одговор на ова прашање

Advertisement

На многумина, а ова особено важи за западниот свет, не им е јасно зошто муслиманките го покриваат телото и лицето.

Advertisement

Можеби најдобриот одговор лежи во една кратка приказна која секако треба да ја прочитате како подобро би ја разбрале поентата и причината зошто муслиманките се покриваат од глава до пети.

Еден Британец дошол кај мудрец и го прашал:

Зошто кај вас во Исламот на мажите не им е дозволено да се ракуваат со жените. Зошто е тоа невообичаено?

Advertisement

Тогаш мудрецот наместо да му одговори му постави прашање:

А дали вие можете да се ракувате со вашата кралица?

Секако дека не, Постојат само одредени личности кои можат да се ракуваат со кралицата. А јас не сум меѓу нив – одговорил Британецот.

Тогаш мудрецот му кажа:

Гледаш. Нашите жени се кралици, а кралиците не се ракуваат со непознати мажи

Тогаш Британецот го прашал:

А зошто вашите девојки го покриваат телото и косата. Зарем тоа не е дискриминација и злоставување?

Мудрецот само се насмеал и од џебот извадил две чоколадни бонбони. Едната ја одмотал од нејзиниот целофан, а другата ја задржа онаква каква што беше. Тогаш и двете бонбони ги фрлил на подот кој бил полн со прашина. Го погледнал Британецот и му кажал:

А сега кога би те прашал да земеш една од овие две бонбони и да ги изедеш, која од нив ќе ја ставиш во устата?

Британецот не размислуваше долго

Па оваа во целофан, секако.

Мудрецот повторно се насмеал и му кажал:

Тоа е начинот на кој ние ги гледаме жените.

Извор: novi.ba

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button