Германските научници велат дека најдобриот и наједноставниот лек за настинка всушност е многу едноставен и потполно бесплатен.
Кога имаме настинка, многумина од нас веднаш прибегнуваат кон општо познатите начини на лечење – антибиотици, аспирини, овошје, топла супа, чаеви… Но, германските научници велат дека најдобар лек за настинка всушност е многу едноставен и потполно бесплатен. Во прашање е одмор!
„Исто е како кога станува збор за висока температура. Добриот одмор го подобрува имунитетот многу подобро од било што друго“ беше објавено во медицинскиот магазин Naturatz. Тие објаснуваат и дека таблетите кои ја спуштаат температурата субјективно ја поправаат состојбата, па луѓето многу брзо ќе станат од кревет и не се одмараат колку им е потребно за организмот навистина да закрепне и да ја поттикне настинката. Покрај ова во медицинскиот магазин се советува и да зимате многу течности, овошје и зеленчук, како би можеле дополнително да го подобрите имунитетот и борбата со вирусите, но истакнуваат и дека недоволно сон и одмор може да биде исто така причина зошто вашата настинка секој пат трае предолго и никако да помине.