Девицата кон партнерот се однесува како да е единствен на светот, Скорпијата и Лавот се најдобри љубовници во Зодиjакот, а имагинативните Близнаци се вистински мајстори за заведување.
Kликни на твојот знак »
ОВЕНОТ Е СЕБИЧЕН И САКА КОМПЛИМЕНТИ »
Овенот е моќен и сака сé да држи под контрола, а омилена дисциплина му е бакнувањето. Тој е многу нестрплив и себичен во водењето љубов, што може да предизвика проблеми во врската. Кога треба да освоите некој Овен, тогаш нема место за срамежливост, а најмногу од сé го возбудуваат спонтаност и комплименти.
Врати се горе »
БИКОТ УЖИВА ВО ДОЛГА ПРЕДИГРА »
Бикот го има едно од најсилните либида во Зодијакот. Неговата жед за интимност единствено може да се задоволи со постојан допир и лесно заведување, а парола во животот му е дека добриот секс е како добра храна и во него треба да се ужива. Карактеристично за Бикот е дека ја обожава предиграта, а начин на кој најлесно може да биде освоен е со давање поклони, потоа со фино, негувано тело…
Врати се горе »
БЛИЗНАЦИ – МАЈСТОРИ НА ОСВОЈУВАЊЕТО »
Ако постои некој хороскопски знак кој што е мајстор на заведувањето, тогаш тоа се Близнаците. За нив е карактеристично и тоа дека секогаш бараат духовити и интелигентни партнери. Располагаат со голема фантазија и такви се и во кревет, а најмногу им годи ласкањето и пофалбите, и тоа најмногу на сметка на интелигенцијата.
Врати се горе »
РАКОТ Е ЧУВСТВИТЕЛЕН ЗНАК КОЈ БАРА НЕЖЕН ЉУБОВНИК »
Ако говориме за чувствителност, тогаш значи дека говориме за Рак. Кај партнерот најмногу го привлекуваат слични особини, па така тој бара грижлив, верен и нежен љубовник, а начин да го освоите е романтика! Вниманието му годи, а ако го добива доволно, ќе стори сé за партнерот.
Врати се горе »
ЛАВ КРАЛ НА ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕТО »
Најмоќниот, најсамоуверениот знак од сите – полн со страст и желба за постојан секс, што го прави најдобар љубовник во Зодијакот. Сака да биде главен во љубовната игра и не постои таа поза која што тој ја нема испробано, а партнерите постојано ги дарува со поклони. Начин за да еден Лав биде освоен е само доколку му посветите целосно внимание.
Врати се горе »
ДEВИЦА КОГА ЕДНАШ ЌЕ СЕ ВЉУБИ, ТОА Е ЗАСЕКОГАШ »
Девицата е знак кој кон својот партнер се однесува како да е единствен на светот. Иако делува ладно, всушност е многу чувствителна, но тоа го покажува само на одбрана група луѓе. Многу се врзува за партнерот, дури на граница на опсесија, а кога ќе се вљуби, тоа трае за цел живот. Девицата е прибирлива, а многу лесно може да ја освои уреден, стокмен партнер.
Врати се горе »
Вагата е знак кој сака да им удоволува на луѓето, па така и во љубовта е многу внимателна и нежна. Но како и Лавот, сака да експериментира во сексот. Но исто така ја сака и романтиката и од партнерот очекува да ú ги исполни сите желби. За неа се софистицирани љубовници, а нејзиниот природен талент за флертување и физичка привлечност ú овозможува добар статус во општеството.
Врати се горе »
СКОРПИЈА – ГОСПОДАР НА СТРАСТА »
Заедно со Лавот, Скорпијата е убедливо најдобриот љубовник во целиот Зодијак. Но, Скорпијата често пати може да го користи сексот и како манипулација, за да задоволи некои други свои потреби. Таа е спремна на сé во креветот и на нејзината личност е многу тешко да ú се одолее. Знае да биде доста ладна и многу е тешко да биде освоена, затоа што скорпијата е таа која заведува, ја диктира играта по своја желба и го бира партнерот.
Врати се горе »
СТРЕЛЕЦОТ УЖИВА ВО АВАНТУРИТЕ »
Стрелецот е креативен и разигран во креветот, а најмногу сака да испробува нови работи. Слично е и со партнерите – ги менува на првиот знак на досада. Го интересираат кратки авантури, а може да биде освоен со добра смисла за хумор и страст кон животот. Ужива во допирите, а ерогени зони се му нозете и стомакот.
Врати се горе »
ЈАРЕЦОТ „ПАЃА“ НА ДОДВОРУВАЊЕ »
Јарецот е повлечен и во секс се впушта само доколку е заљубен. Тој ја сака рутината и не е отворен за експерименти. Најмногу може да биде освоен со додворување. Ужива во заведувањето, па секси долна облека е полн погодок за него!
Врати се горе »
ВОДОЛИЈА – СЕКСОТ Е НАЈВАЖНА РАБОТА »
Водолијата е знак кој што го движи страста и многу повеќе го цени сексот отколку самата врска. Меѓутоа, може да биде освоен од навидум неосвоив партнер, односно оној за кој ќе мора да се потруди! Кога ќе се вљуби, го сака партнерот и покрај неговите несовршености.
Врати се горе »
КАЈ РИБИТЕ СЕКСОТ Е РЕШЕНИЕ ЗА СЕ »
Рибите се знак чија карактеристика е опуштеноста. Тие сакаат стален партнер, а и најситните проблеми ги решаваат со секс! Врската со Риба е полна со задоволства и уживање, а доколку сакате да ги освоите, треба да бидете агресивни. Тие се крајно безгрижни и очекуваат другите да ги освојат.
Врати се горе »
{simplepopup}
{/simplepopup}