Новогодишните и божиќните празници поминаа, па сега ве советуваме да помалку да јадете и да ги исфрлите сите токсини.
Ако сакате да го детоксицирате телото, нема потреба да купувате „магични препарати“. Доволно е да ги изберете намирниците кои се познати по својствата за детоксикација. Ви го претставуваме најдобрите 10:
Авокадо
Авокадото го има, речиси, секогаш на нашиот пазар, но доволно е повремено да купите само едно парче и да го додадете на некоја освежувачка салата. Неговата цена ќе се исплати бидејќи е полн со антиоксиданси и тоа е еден од најпознатите „чистачи“ на организмот.
Брусница и други шумски овошја
Освен што помага во лекувањето на инфекциите на уринарниот тракт, брусницата „ги брка“ токсините од вашето тело. Таа го стимулира лачењето на урината и, освен бактерии, ги отстранува и и токсините.
Зелка
Зелката е богата со сулфур, кој е важен фактор во разградување на хемикалиите во телото. Тоа ви помага да се ослободите од пестициди, траги од антибиотици и од други лекови во организмот, како и останати штетни нешта кои се таложат во органите.
Лимон
Ова кисело овошје е полно со витамини и антиоксиданси. Тие го штитат црниот дроб, а со тоа го ослободуваат од акумулираните токсини.
Брокула
Ако не ви се допаѓа брокулата, обидете се барем да ја уфрлите во некои јадења што ви се допаѓаат, бидејќи таа е многу корисна. Преполна е со антиоксиданси кои го чистат вашето тело, но и со ензими, благодарение на кои вашиот систем за варење на храната ќе работи „како часовник“.
Бидејќи сурова е најдобра, обидете се да ја исецкате и да ја додадете на секојдневните оброци.
Лук
Преполн е со сулфур, а има и антибиотски својства, па затоа треба да се зема секојдневно.
Цвекло
Цвеклото може да се додава на многу јадења, но може да се јаде и сурово. Богато е со бетаини и пектин, кои што го штитат и црниот дроб и дигестивниот систем. органи.
Грејпфрут
Ова овошје го прочистува дигестивниот систем и спречува создавање на камења во бубрезите. Исто така, има малку шеќер и малку калории, па затоа е идеален за оние кои се на диета.
Семки од сончоглед
Семките од сончоглед се идеални грицки, бидејќи го чистат црниот дроб. Тие, исто така, спречуваат акумулирање на „лошиот“ холестерол.
Леќа
Оваа намирница богата со протеини му помага на системот за варење и го чисти телото. И леќата, како и семките од тиква, го намалува холестеролот и помага да се воспостави рамнотежа на шеќерот во крвта.