Реклама
Хороскоп

Љубовта и ѕвездите – Најдобри астролошки совети како да се смирите со саканиот

Реклама

Вага:

Покажете што повеќе интерес за неговите активности и поработете на вашите конверзациски вештини. Се разбира, не заборавајте повремено да поделите по некој комплимент. На сите оние родени во Вага им треба постојано одобрување и за нив, и за нивните постапки. Понудете формално извинување. Ниту преголемо, ниту премало. Вагата мора јасно да види и дека го мислите она што го велите. Додадете малку романтика и успехот нема да изостане.

Маркетинг

Шкорпија:

Слободно употребете некој драматичен гест за да ја покажете својата лојалност. Што се однесува до Шкорпијата, зборовите нема многу да помогнат. Нему му се важни делата. Единствено позитивна акција може да ви обезбеди сочувство. Можеби ова значи дека треба да се ослободите од некои стари навики, или да побарате помош во случај на сериозен проблем, но едноставно мора сосема да завршите со она што го предизвикало раскинувањето. Жалбите и приговорите на овој знак секогаш сфаќајте ги сериозно.

Маркетинг

Стрелец:

Понудете топла и прифатлива рака на помирување. Стрелецот сака домашни миленичиња и ако бидете доволно мили како тие, тој нема да ви одолее. За почеток, најдобро е да го прифатите неговото пријателство, и не брзајте. Стрелците придаваат поголемо значење на дружењето отколку на љубовта, така што би требало да се вклопите во неговото друштво. Колку побрзо ќе станете член на неговиот ’тим’, толку побрзо ќе се смирите.

 

Јарец:

Бидете искрени и отворени. Јарецот може од далеку да намириса лага. Ако вие сте тие што ’зафркнале’, признајте и кажете дека ќе бидете подобри, дека веќе тоа нема да се случи повторно. Но, мора тоа и да го мислите. Празни ветувања нема да ве однесат далеку. Јарците многу ја ценат материјалната сигурност, па ќе ви помогне доколку како подарок за помирување отворите заедничка сметка или купите нешто што ќе покаже дека верувате во заедничката иднина. Никогаш не зафркавајте се со Јарец, бидејќи тоа е знак што не сака играње.

Водолија:

Водолијата повикајте го на разговор со кафенце. Нема да одолее на размена на мислења. Контролирајте се и не форсирајте интимност. Немојте да криете ништо од него, зошто во спротивност вашата врска ќе продолжи да стагнира. Бидете целосно искрени. Ако сакате тој да остане со вас, сè мора да биде сосема отворено и јасно. Обидете се да направите нешто возбудливо, предложете заеднички активности.

Риби:

Сите карти ставете ги на чувства и сочувство. Рибите не можат да гледаат нечие страдање. Бидете помалку посесивни и помалку барајте. Иако е романтичен, тој не може да поднесе затвор. Прифатете го фактот дека Рибите се многу чувствителни и дека секогаш кон нив треба да бидете внимателни. Бидете што понежни и пољубезни. Нека ви прејде во навика постојано да му изразувате љубов, а не само во некои специјални прилики.

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 2016: Кому ѕвездите ќе му донесат минлива врска, на кого добар провод, а кому брак

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button