Еден психолог на своите студенти им го одржал следново предавање:
„Секој ден се соочуваме со препреки и предизвици, кои ни помагаат да растеме и кои не’ дефинираат. Но, кога ќе се вовлече стресот, тоа може да направи работите да станат речиси невозможни. Може да не’ спречи да направиме некои работи кои мора да се завршат“.
Тогаш, тој ставил вода во една чаша и ги прашал студентите:
„Колку е тешка оваа чаша?“
На тоа студентите давале различни одговори. Некои регкле два децилитри, други рекле три, пет децилитри, триста грама… Професорот на тоа им одговорил:
„Апсолутната тежина на оваа чаша и не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе се вкочани.“
„Така, тежината не се промени, но колку повеќе ја држам, таа станува се’ потешка. Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако мислите на нив одредено време, тоа не е проблем, но ако мислите малку подолго, тогаш тоа почнува да боли. Ако мислите на нив цел ден, ќе бидете парализирани и неспособни да направите нешто друго. Запаметете: СПУШТЕТЕ ЈА ЧАШАТА!“