Диети

Најдобрата диета за рамен стомак

Реклама
Реклама

Стомакот е критична зона за припадниците на обата пола.

Многу девојки што немаат проблеми со останатите делови од телото, едноставно сакаат да исчезне вишокот сало на стомакот и околу половината. Од друга страна, и многу момци бијат битка со „истакнатиот“ стомак.

Маркетинг

Општо познато е дека без да се намалиме целокупните маснотии во телото, не може да се ослободиме од вишокот сало на стомакот. Според препораките на експертите најдобар начин да го израмниме стомакот е комбинација од умерена исхрана и специфични вежби. Едноставно, да се отстрани салото од овој дел на телото без вежбање е скоро незамисливо.

Па така, многу мажи кои имаат сало само на стоматкот нема да можат да се ослободат од овој досаден проблем без вежби за целото тело.

Маркетинг

Пример за мени доколку сакате да го намалите стомакот:

Појадок: чаша мусли прелиени со млеко
Ужина: суви бадеми, ореви, лешници, до 50 грама.
Ручек: за ручек може да се јаде месо во неограничени количини, но да се внимава месото да биде без маснотии, како риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само кременадли без маснотии. Месните преработки треба да се избегнуваат. Покрај месото дозволено е и едно парче интегрален или ржан леб. Месото може да се приготви на кој било начин, но настојувајте да избегнувате пржење.
Ужина: една јаболка, крушка, праска, јагоди, малини и сл., избегнувајте банани.
Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенини, сардина или туна од која ќе го исцедите маслото, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или пак супа од зеленчук без тестенини, две варени јајца, патлиџан.

ади физичките вежби (кои се задолжителни) пожелно е дополнително да се внесуваат витамини и минерали во форма на таблети.

Совети кои се многу важни:

·    Не јадете барем три часа пред спиење!
·    Избегнувајте ги благите работи и грицки.
·    Не пијте пиво, газирани сокови и зашеќерени пијалаци.
·    Не јадете бел леб.

Доколку правилно се храните и соодветно вежбате и се движите, за многу брзо време вашето стомаче ќе биде во совршена форма!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button