„Она што постоеше само во концептуална форма, 16C Galibier на Bugatti, за многу кратко време и официјално ќе стартува во продукциска линија.“
Концептот на овој луксузен Седан модел, првично беше претставен во Септември 2009г. на изложбата на Bugatti Automobiles во Милано, Италија, а се најавуваше дека најверојатно ќе се појави на пазарот во 2013 година. Но според најновите информации кои доаѓаат од Италијанскиот производител на луксузни автомобили, многу е возможно првиот модел за официјална продажба да се појави во салоните до крајот на оваа година.
Овој Седан со четири врати, нормално, ќе има карактеристики на високо моќен мотор W16, со 1 000 коњски сили и уште една „поскромна“ варијанта од 800, која ќе искористува два турбо чарџери. Добрите познавачи на автомобили (кои детално го проучиле концептот), велат дека ова би требало да биде најмоќниот и најдобар семеен автомобил, кој се појавил на улиците во 21 век. Цената за брзината и моќта, која „еснафите“ ќе треба да ја издвојат за да ја имаат во својата гаража ќе биде 1 000 000 евра.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!