Оваа диета е наречена „најдобра диета“ бидејќи овозможува да се изгубат 4-5 килограми за 10 дена на здрав начин, со храна богата со протеини, пиење многу вода и избегнување на сол.
Најдобрата диета за ослободување од вишокот килограми е составена од едноставни намирници богати со протеини но со малку калории, кои овозможуваат тежината да се симнува постепено а да не се врати брзо, што е најголем проблем на брзите диети за слабеење. Во зависност од староста, полот, телесните особености и сл. диетата дава различни резултати за различни луѓе, но доколку се придржувате на дадениот план за исхрана, сигурно ќе изгубите над 3 килограми, и изгубените килограми нема брзо да се вратат.
План за исхрана
ДЕН 1
Појадок: 2 филџани кафе без шеќер, 3-4 кајсии
Ручек: 125 гр. посно јунешко на скара, 2 домати, ½ чаша млеко со ниска масленост
Вечера: 1 чаша сок од зеленчук, 100 гр. бифтек, домат и краставица
ДЕН 2
Појадок: 2 филџани кафе без шеќер, кајгана од едно јајце, парче леб
Ручек: шолја чорба со посно месо, 100 гр. печено посно телешко, варена боранија, јаболко, чај со лимон
Вечера: 150 гр. пржен џигер, мешан варен зеленчук, портокал
ДЕН 3
Појадок: чаша сок од цитрон, домат, варено јајце
Ручек: 125 гр. посен котлет на скара, обарен карфиол со јогурт, кафе или чај со лимон
Вечера: шолја чорба со посно месо, 120 гр. посно телешко месо, боранија, јаболко
Премини на следната страна >>