Можеби на прв поглед нема да ви се допадне овој тренд, но ќе го промените мислењето кога ќе видите како им стои на овие девојки.
Станува збор за крзнени чанти!
Тие се хит и покрај тоа што никој не очекуваше дека ќе станат толку популарни. Но ситуацијата потполно се промени откако со вакви „влакнести“ чанти се прошета манекенката Кендал Џенер, како и познатата дизајнерка Викторија Бекам.
Кендал која својот модел го купи во Топшоп го носеше во комбинација со тренди кошула, тесни фармерки и високи потпетици, додека Викторија уште минатата година беше забележана во едно малку поелегантно издание со крзнена чанта од нејзината линија.
Кендал и минатата година не се одвојуваше од својот „бушав“ пријател, само тогаш во прашање беше црн модел од Givenchy. Таа овој стејтмент моден додаток најчесто го носеше во комбинација со спортски и гранџ парчиња кои се клучни во нејзиниот стил.
Topshop Dolly Faux Fur Tote Bag (£39)
Што се однесува до нас, ние сме сигурни дека овие две трендсетерки многу лесно ќе ги наговорат и другите девојки оваа есен да набават еден ваков „влакнест“ пријател во своите плакари. Тие се толку популарни што сега имаме голем број модели и во понудата на познатите хај-стрит брендови, а во продолжение погледнете некои од најдобрите модели вклучувајќи ја и розовата чанта од Топшоп што ја фураше Кендал.
Моделите погледнете ги на следната страна >>