Фармерките се парче облека кое никогаш не излегува во мода и е погоден за секое годишно време, па и за речиси секоја пригода. Но, при нивниот избор најчесто се прават следниве грешки.
Запаѓате во рутина: Понекогаш потребно е да испробате и некој модел кој е целосно поразличен од оној кој вообичаено го купувате. Можеби пријатно ќе се изненадите кога ќе испробате фармерки за кои мислевте дека никогаш нема да ги носите.
Не мислите на броевите: Различни брендови имаат различни броеви. Не значи дека еден број ви одговара секогаш. Одберете ја големината која најдобро ви стои, а не онаа која вообичаено ја носите.
Ги пробувате фармерките само во соблекувалната: Облечете ги фармерките и задолжително раздвижете се со нив, седнете, направете некоја вежба… Единствено така ќе видите како навистина ви стојат и како се обликуваат според вашето тело.