Реклама
Дом и семејство

Најчесто поставувани прашања во врска со тестовите за бременост

Реклама

Со нетрпение очекувате да дознаете дали сте бремени. Сепак, тестовите за бременост за домашна употреба покажуваат точен резултат во петтата недела, и тоа кога се користат правилно. 

Маркетинг

Тврдењата на пакувањата дека покажуваат бременост порано можат да бидат погрешни. Еве на што треба да обрнете внимание:

Кога најрано може да се направи тест за бременост што ќе покаќе точен резултат:

Најдобро е да почекате околу една недела по доцнењето на менструацијата за да направите тест за бременост дома. Во овој периот повеќето бремени жени веќе имаат доволна количина на хЦГ хормон во урината за тестот да го утврди.

Маркетинг

Многу тестови тврдат дека се точни над 99% и дека даваат точни резултати веќе првиот ден по изостанувањето на циклусот, но студиите покажуваат дека ова тврдење може да биде погрешно. Резултатите можат да бидат точни, но најчесто не се.

Како да се добијат најпрецизни резултати од тестот?

Прво проверете го рокот на тестот, како и дали е убаво спакуван. Ако чувате тест на влажно место дома, на пример во бањата, можеби се расипал поради влагата, така што ќе биде подобро да набавите нов.

Внимателно прочитајте го упатството бидејќи може да има разлики кај различни тестови. За најточни резултати се препорачува да го направите тестот наутро, веднаш штом ќе станете.

Ако тестот е негативен, а се уште немате циклус, повторно направете тест по неколку дена. Еден негативен тест не значи со сигурност дека не сте бремени. Ако немате циклус, значи дека можеби сте бремени иако тестот не покажува така.

Продолжете на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button