Питите се еден од најчестите избори за појадок, а и вечера, а овој рецепт за посна пита со печурки веднаш ќе посакате да го пробате!
Брзо се подготвува, а неодолива е!
Состојки:
1 пакување кори за пита
800 г шампињони
Малку масло (доколку постите на масло, доколку не – лажица растителен маргарин)
Малку вода
Сол
Бибер
Подготовка:
Исчистете и исечкајте ги шампињоните на тенки листови, па пропржете ги на малку масло (или на растителен маргарин) додека да ја сменат бојата и додека да испари целата течност.
Додајте сол и бибер по вкус, па тргнете ги од оган.
Во чаша измешајте еднакви делови вода и масло/растителен маргарин растопен (50:50).
Земете една кора за пита, попрскајте ја со мешавината од вода и масло, потоа ставете втора кора, повторно попрскајте, а потоа и трета кора.
Врз третата кора рамномерно распоредете дел од пржените печурки. Завиткајте во ролат и ставете во плех/тава за печење.
Повторете го процесот со останатите кори и фил додека не ги потрошите сите состојки.
Кога сите ролати ќе бидат наредени во плехот, премачкајте ги со мешавината од масло и вода.
Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути, додека питата добие златна боја.
Оставете да се излади пред сервирање.
Ммм… превкусно!