Најболниот период во животот на Ленче Кукиќ – зад насмевката криеше голема тага за нејзината мајка
Не знаеше дали да се радува или да плаче

Тие секогаш изгледаат насмеано и знаат да ве расположат, но музичките ѕвезди понекогаш можат да бидат и многу тажни додека го прават тоа.
Во изминатиот период пејачката Ленче Кукиќ имаше бројни настапи на кои се дружеше со својата верна публика.
Таа за 11 октомври требаше да одржи концерт во Владимирово, но заради несреќен случај што се случи во ова место (види тука), пејачката и организаторите решија да го откажат истиот.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Неколку дена подоцна, Ленче најави уште еден свој настап, но овој пат надвор од Македонија, за нашите иселеници во Швајцарија.
Истиот ќе се случи вечерва, во Цофинген, Швајцарија, а снимката со која Ленче го најави своето гостување ги воодушеви сите.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Она што сите го забележаа веднаш дека изгледа подослбнато, но и дека е полна со позитивна енергија за овој настан.
Станува збор за хуманитарна забава на која покрај Ленче ќе настапи и една од најголемите македонски поп-ѕвезди, Владо Јаневски, но и младите пејачи Душко Никовски и Драгана Костова која пред неколку години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Инаку, Цофинген се наоѓа во средишниот дел на Швајцарија, а настанот е организиран од здружението Илинден Радово.
Никој не знаеше што ѝ се случува…
Пејачката Ленче Кукиќ пред неколку години ги изненади сите кога се појави во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Таа тогаш ја воодушеви и публиката од целиот Балкан, а за време на финалето ѝ се случи и еден немил настан.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Имено, за Ленче тоа беше еден од најтешките периоди во нејзиниот живот, бидејќи додека се бореше за прво место, нејзината мајка беше тешко болна. Така набргу остана без неа, така што пред милионската публика настапуваше со голема болка, па и денес кога ќе ги запее истите песни ѝ се случува да заплаче од преголеми емоции.
„Ние по капелата отидовме дома и потоа да работиме на свадба, а утредента беше погребот и потоа повторно бевме на свадба. Така беше тоа кај мене, но животот е таков, таква е нашата работа“, се присети во една пригода Ленче во интервју за „Гранд.онлајн“.
Од една страна среќа, од друга голема тага…
Потсетуваме, по деветмесечната борба во шуто „Никогаш не е доцна“, Ленче со својот талент и насмевка однесе двојна победа.
Но тогаш никој, освен нејзините најблиски, не знаеше за тешкиот период низ кој поминува и дека зад нејзината насмевка се криеше неверојатна тага. Посебно што набргу по победата, додека се уште беше под импресии, ја затекна тажната вест дека нејзината мајка починала.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
„Од една страна среќа, од друга голема тага“, раскажуваше Ленче сеќавајќи се дека додека тогаш постојано му се молела на Бога и дека нејзина најголема желба и била нејзината мајка да издржи до финалето, да го гледа нејзиниот успех.
„Во секој сегмент од мојот живот сум одела со мислата дека јас можам, ќе издржам, така сите предизвици ги издржав храбро можеби душата ме болеше и уште ме боли но сфатив дека сите во животот губиме родител, близок кој секогаш ќе ти фали. Но животот тече понатаму, а ние мораме да се бориме, па дури и кога ни е најтешко“, изјави Ленче во една пригода во интервју за Гламур магазин.
Целото интервју со Лен;е прочитајте го тука >>