Најбогатата пејачка на Балканот се разведува?! Маја ги шокираше фановите, важеа за совршен пар
Пејачката се огласи и сите ги изненади

Маја Шупут откри дека се разведува
Како што самата откри во соопштението што го сподели на Инстаграм, а кое може да го прочитате во продолжение, пејачката и нејзиниот сопруг Ненад одлучиле секој од нив да тргне по својот пат.
Разводот веќе некое време е зад нас, тоа за нас е минато-свршено време така што го постигнавме спогодбено, мирно, без никакви драми и солзи – повеќе во стилот ‘ти се заблагодарувам на сé и среќно понатаму’“, вели Маја во своето обраќање што го сподели на Инстаграм додавајќи дека од оваа љубов остануваат прекрасните спомени и она најважното, нивното дете заради кое остануваат тим.
Инстаграм/ Маја Шупут
Тој е нашиот заеднички и најголем приоритет, со кој и двајцата активно учествуваме во секојдневниот живот“, напиша таа.
Целото нејзино обраќање прочитајте го во продолжение:
Инстаграм/ Маја Шупут
Потсетуваме, Маја Шупут и Ненад Татаринов се запознаа во 2017 година, а нивната врска за брзо време стана јавна.
Инстаграм/ Маја Шупут
Ненад во тоа време беше директор во еден луксузен хотел, а нивната љубовна авантура започна спонтано.
Тие се венчаа во 2019 година на интимна церемонија во Истра, а нивната врска делуваше складно и преполна со љубов, посебно заради нивните чести заеднички објави на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Маја Шупут
Тие во 2021 година го добиваат синот Блум, а Маја секогаш истакнувала дека од Ненад ја има најголемата поддршка во животот.
Инстаграм/ Маја Шупут
Нивната последна заедничка објава на Инстаграм е од минатата недела, така што оваа вест изненади многумина.
Инстаграм/ Маја Шупут
Најбогата пејачка на Балканот
Маја важи за една од најбогатите пејачки на Балканот, а покрај својата музичка кариера таа има и своја козметичка линија.
Познато е и дека нејзиниот син, малиот Блум Татаринов, одлично се снаоѓа пред камери и дека Маја инспирирана од него и неговата фотогеничност има создадено колекција за деца. Пејачката потоа создаде и детска козметика составена од шампон и купка во едно, лосион за тело, универзална крема и паста за нега на првите запчиња.
Инстаграм/ Маја Шупут
Во прашање е „Shù Shù baby & kids“ колекцијата со која Маја исто така имаше добра заработка.