Најбогатата пејачка на Балканот се разведе, па сега ужива во луксузниот живот со 17 години помладо момче?!
Пишуваат дека не знае што да прави со парите, заработува милиони и тоа не само од музика...

Велат дека е најбогата пејачка на Балканот
Познатата хрватска пејачка Маја Шупут веќе неколку години по ред заработува огромни пари и од своите две фирми.
Нејзините фирми само во 2022 година и донеле заработка од околу 6 милиони куни, односно околу 50 милиони денари.
Инстаграм/ Маја Шупут
Имено, Маја е сопственичка и директорка на фирмата „Морска дива“, а има уште една фирма со поранешниот сопруг Ненад Татаринов.
Таа само од едната фирма во текот на 2022 година заработила преку половина милион евра, а во истата е вработено само едно лице.
Инстаграм/ Маја Шупут
Маја преку оваа фирма ја води својата музичка кариера, додека со сопругот водат форма за продажба на козметичка линија.
Тие само во текот на претходната година оствариле приход од околу 300.000 евра, што значи дека Маја само во изминативе неколку години заработила неколку милиони од своите приватни бизниси.
Инстаграм/ Маја Шупут
Потсетуваме пејачката во јуни ги изненади сите кога соопшти дека се разведува од сопругот со кого има син.
Како што неодамна објавија медиумите, Маја (44) по разводот беше фатена во друштво со ријалити ѕвездата „Господи совршен“, Шиме Елез кој е 17 години помлад од неа и со кого разменувале нежности.
Принтскрин/ Јутуб, РТЛ
Инаку, Шиме беше и машкиот манекен во нејзиниот нов спот, а според извори за хрватските медиуми, тие биле забележани на јахта, во љубовен занес, а Маја овие гласини не сакаше да ги потврди.