Кога стана и се сврте ги покажа најбизарните бикини што сме ги виделе досега, а потоа се пресоблече и ги шокираше сите
Прво се појави во најбизарниот, а потоа и во најжешкиот костим за капење за оваа сезона
Американската риалити ѕвезда и дизајнерка на костими за капење, Драја Мишел, уживаше покрај базен и ја искористи приликата да промовира неколку провокативни модели од својата нова линија. Таа најпрво се појави во еден од најчудните бикини што сме ги виделе досега, а потоа и во модел со кој ги воодушеви сите.
Имено, жолтите бикини што ги носеше би изгледале потполно нормално да немаа долги реси кои досегаат до под колената. Драја со овој несекојдневен модел носеше и сив, минијатурен „кроп топ“ кој ги истакна нејзините облини, но и со кој дополнително предизвика внимание.
Но кога се појави во едноделниот модел едноставно никој не можеше да остане рамнодушен. Во прашање е едноделен костим за капење со длабоки резови кој го истакнува бочното деколте, но и голите колкови.
Па кој од овие два модели ви се допаѓа повеќе?