Ако постои совршен модел на фармерки кои секоја жена би сакала да ги има во своите плакари, тогаш тоа дефинитивно се новите фармерки од Replay.
Фармерките од колекцијата Replay Hyperfree дефинитивно се едни од најпопуларните меѓу новите генерации. Направени се од напреден материјал и со современ крој на кој не можат да му одолеат ни најпознатите ИТ девојки. Материјалот е направен од природни влакна, односно од најквалитетен тексас поради што тие се едни од најпродаваните во Европа и тоа уште пред да започне нивната официјална кампања со Алесандра Амбросио и бразилскиот фудбалер во редовите на Барселона, Нејмар.
{youtube}kEVy97T_484{/youtube}
Моделите лесно можете да ги комбинирате во најразлични комбинации и да ги носите како со сандали со високи потпетици, така и со класични патики за спортски изглед. Што се однесува до претставниците на посилниот пол, тие секако најдобро ќе се чувствуваат во комбинација со спортски или ретро патики, тренди маица и тексас или кожена јакна, но можат да ги носат и со класични чевли и блејзер.
Целата колекција можете да ја погледнете на фотографиите што следуваат, а цените пак можете да ги ѕирнете на нивната интернет страница.
види повеќе » |